Повеќе од една година се зборува за влезот на Дубаи во АБА лигата, а тој план полека почнува да се остварува.
Првиот чекор е преку влез на јуниорскиот тим на Дубаи кој ќе учествува во регионалното натпреварување во својата конкуренција. Првиот натпревар е закажан за 19 ноември, на турнирот што ќе се одржи на Златибор, а на почетокот ќе се сретне со тимот на Црвена Звезда. Во истата група се уште Борац и Студентски Центар.

По ваквиот развој на настаните, нема да биде изненадување ако веќе идната сезона сениорски тим на Дубаи влезе во АБА лигата.