Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Габриел Коскоски е нов играч на тимот на Гостивар.
По американскиот интернационалец Крис Остен, 24-годишниот крилен центар ќе биде второ засилување за екипата која во новата сезона ќе биде предводена од младиот стручњак Никола Димитриевски. Коскоски доаѓа од тимот на Навико Академија ФМП каде минатата натпреварувачка кампања беше еден од најдобрите и најзаслужни што овој тим обезбеди опстанок во елитата.
На 26 одиграни натпревари, Коскоски просечно постигнуваше по 12,5 поени и 5 скока со индекс 12,7. Подобри од неа беа само странските кошаркари Мек Смит Меквен и Дејан Бјелиќ.