КОСТОСКИ: Да уживаме во целиот настан…

0Shares
0 0

Еден од лидерите во составот на ТФТ, Александар Костоски со нетрпение го очекува стартот на квалификациите од Лигата на шампионите и можноста да заигра на ново ниво во својата кариера.

Со Куманово играше во групната фаза од ФИБА Европа купот во сезоната 2015/16 и беше седми стрелец во основниот дел од ова натпреварување со 19,7 поени по натпевар на кои додаде 4,5 асистенции. Претходно со МЗТ Скопје настапуваше и во АБА лигата, а има и настап на две европски првенства со македонската репрезентација и сето тоа го прави убедливо најискусен во тимот на ТФТ. Токму затоа од него и најмногу се очекува на квалификацискиот турнир, а Костоски не бега од одговорноста.

„Пред да кажам нешто поврзано со вечерашниот натпревар против Кемниц, би сакал да ја поздравам и поддржам идејата на мојот клубот за учество во едно вакво сериозно и квалитетно натпреварување. Колку и да звучи нереално, ТФТ постојано ги пробива своите лимити и од година во година оди чекор понапред.

Што се однесува до денешниот ривал, игра препознатлива германска кошарка што се карактеризира со цврста и агресивна одбрана која подоцна резултира со брза транзиција и многу шутеви од дистанца и полудистанца. Основна задача ќе ни биде да го извадиме најдоброто од нас на секој дел од теренот, а во исто време да уживаме во целиот овој настан.

Желбата за докажување е голема кај сите нас и искрено очекуваме и се надеваме дека ова ќе биде неизвесен натпревар до самиот крај“, изјави Костоски за КОШ.МК.

ТФТ вечерва од 21 часот се среќава со Кемниц, а победникот од овој меч во полуфиналето игра со Фрибург од Швајцарија.

0Shares
0 0