По речиси три часа на теренот, екипата на Кожув ја прекина серијата порази и дојде до вториот триумф во сезоната, совладувајќи го Вардар со 78-57.
Мечот се оддолжи поради проблеми со семафорот, на почетокот од последната четвртина дојде до пауза која траеше повеќе од половина час, но и пред него домаќините имаа убедливо водство кое потоа го задржаа.
Всушност, многу работи беа јасни по првата четвртина која му припадна на Кожув со 20-9, пред се благодарение на серијата од 14-0. Вардар не успеа да се опорави од тоа и само два пати до крајот на мечот успеа да се симне на едноцифрена негатива (12-20 и 18-27). Кожув искусно ја одржуваше предноста, по прекинот отиде и на +20 и рутински дојде до победата.
Криснан со 21 поен беше најефикасен во домашниот тим, Хукиќ додаде 15, а Пандев 12. Новото засилување Ерик Пауел го предводеше Вардар со 17 поени.