По само еден месец, македонскиот стручњак Никола Василев го напушти бугарскиот прволигаш Берое и се пресели во литванскиот Мажеикиаи.
За него, тоа е враќање во литванската елитна кошарка бидејќи во сезоната 2020/21 ја го водеше тамошниот прволигаш Џукија, а претходно беше дел од стручниот штаб на Лиетувос Ритас. Во меѓувреме, со успех У20 селекцијата на Македонија со која летоска го освои второто место на Европското првенство во Скопје и ја однесе репрезентацијата во А-дивизијата.
Пред 20-тина дена, Василев беше и меѓу кандидатите за тренерската позиција во Работнички, но довербата ја доби Горан Самарџиев.
Својот последен натпревар како тренер на Берое, тој го имаше минатиот викенд против Рилски Спортист, а за петте кола од тамошното првенство оствари биланс 2/3.