Критичарите го разнесоа Спејс Џем на Леброн, ама филмот ги собори сите рекорди

0Shares
0 0

Анимирано-играниот филм Спејс Џем 2 со Леброн Џејмс во главна и продуцентска улога во својот прв викенд на прикажување заработил 32 милиона долари, јавуваат американските медиуми.

Со тоа станал филм со најголема заработка на компанијата Ворнер Брос од почетокот на пандемијата, соборувајќи го Годзила против Конг кој во првиот викенд заработи 28,2 милиони.

Новиот Спејс Џем е своевидно продолжение на истоимениот 25 години стар хит со Мајкл Џордан во кој најдобриот кошаркар во светот се здружува со Душко Долгоушко и неговите пријатели против страшните Монстари кои анимираните јунаци сакаат да ги претворат во атракциите во своите забавни паркови надвор од планетата Земја.

Сепак, како и првиот дел од Спејс Џејм, и овој доби исклучително лоши критики. Оценките се движат од 31 до 36 од максимум 100.

0Shares
0 0