Крива Паланка вади одлични кошаркари, ама и тренери

0Shares
0 0

Кошарката е убедливо најпопуларен спорт во Крива Паланка последните години и сето тоа поради група ентузијасти кои одлучија да инвестираат во него.

Оттаму излезе Андреј Јакимовски кој подоцна се профилираше во Феникс, па замина во Италија и САД, полека се афирмира Женскиот кошаркарски клуб Крива Паланка од каде има се повеќе младински репрезентативки, а се зголемува и бројот на успешни тренери. Меѓу нив и Виктор Петровски кој полека го трасира својот пат, засега во младинската школа на Крива Паланка, но работи и со прволигашки кошаркари со кои тренира на индивидуален план.

„Две години работам како тренер, соработувам со моите колеги од Крива Паланка, пред се Ведран Белешковски и Мирослав Ивановски, но во контакт сум со тренери од Србија и САД кои ми праќаат вежби и нови начини на тренирање.

Со младинските екипи на Крива Паланка имавме големи успеси последната сезона. Со М16 го освоивме првото место и шампионската титула, со М18 бевме трети, а со М14 влегоме во топ-4“, вели Петровски за кош.мк.

Пофални зборови за него има и довчерашниот тренер на женскиот тим Слаѓан Ивиќ кој имаше можност да се увери во неговите квалитети за време на двомесечниот престој во клубот.

0Shares
0 0