КРСТЕВСКИ: Не сме комплетни, но ќе го искористиме тоа со што располагаме

0Shares
0 0

Натпреварот в петок ќе биде можеби врв на кариерата на Бојан Крстевски, не само затоа што првпат ќе игра против светски шампион, туку и затоа што како капитен, исто така првпат, ќе ја предводи селекцијата.

Со својот квалитет и карактер, центарот на МЗТ Скопје сосема го заслужи тоа.

„Имавме пократок временски период за тренирање за разлика од летото и нешто поизменета екипа од претквалификациите. Не сме комплетни, но тоа тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на тоа што го имавме и со кое располагаме. На нас е да излеземе на терен, максимално ангажирани и борбени и да ги исполниме задачите на селекторот, како и да се претставиме во најдобро светло. Секоја чест за Шпанија, но ние нема однапред да ѝ се предадеме“, изјави Крстевски.

0Shares
0 0