Куманово го отпушти ѕвезденото засилување

0Shares
0 0

Иако беше најавен како голема ѕвезда, Џонатан Холмс не ги оправда очекувањата и денеска Куманово го раскина договорот со него.

Американецот требаше да биде лидер на екипата и со него кумановци да бркаат пласман во горниот дел од табелата во Првата лига. Место тоа, некогашниот вицешампион е на делба на претпоследната позиција на табелата со само една победа во првите осум кола.

Холмс просечно постигнуваше по 11,9 поени, 6,1 скока и 1,5 асистенции по натпревар, а разочара на саботниот меч против Еуро Никел на кој реализира само шест поени и имаше индекс 2. Искусниот кошаркар беше донесен како мега засилување во Куманово, пред се поради тоа што во својата кариера бил член на Лос Анџелес Лејкерс, Барселона и други силни европски екипи.

Во текот на оваа недела, се очекува Куманово финансиски да се консолидира и да донесе најмалку три нови засилувања.

0Shares
0 0