Куманово остана без еден од странците – потпиша во Шпанија!

0Shares
0 0

Српскиот интернационалец Андрија Марјановиќ повеќе не е член на Куманово откако денеска потпиша едногодишен договор со поранешниот освојувач на ФИБА Лигата на шампионите, Бургос.

Минатата сезона Бургос испадна во Втората лига на Шпанија, а Марјановиќ, заедно со останатите кошаркари во тимот ќе се обиде да го врати во елитата. Србинот дојде во Куманово на средина од минатата сезона и е еден од најзаслужните за опстанокот во македонската Прва лига.

Своите јуниорски денови тој ги помина во Барселона со која играше во младинската Евролига, а потоа настапуваше во српските клубови Слобода Ужице, Златибор и Металац. На 12 натпревари во дресот на Куманово просечно постигнуваше по 24,3 поени, 4,3 скока и 1,8 асистенции. Во јуни беше објавено дека го продолжил договорот со кумановци, но во меѓувреме стигнала подобра понуда и добил дозвола за заминување

Марјановиќ е седмо засилување за Бургос за новата сезона по Родриго Сан Мигел, Гонсало Корбалан, Алекс Лопес, Калвин Хермансон, Оби Енечионја и Рашид Махалбашиќ.

0Shares
0 0