Куманово се држеше едно полувреме, но МЗТ покажа зошто е шампион

0Shares
0 0

МЗТ Скопје ја оствари петтата победа во сезоната откако на домашен терен го совлада Куманово со 86-72.

Гостите пружија отпор едно полувреме, но со само седум кошаркари не успеа до крајот да ја задржи неизвесноста. МЗТ Скопје одигра една одлична четвртина и во неа го реши прашањето околу победникот.

Израмнето беше 16 минути во кои Куманово го имаше своето највисоко водство (6-2), но и МЗТ по серијата од 11-0 поведе со 13-6. На четири минути пред крајот на полувреме беше 23-21, пред домаќинот да го почне својот решавачки поход. До паузата дојде до +6 (36-30), а по една серија од 14-0 во третиот квартал поведе со 64-43 по што последните десет минути останаа само како формалност.

Сите кошаркари на МЗТ се запишаа во листата на стрелците, најефикасен беше Дамјан Стојановски со 12 поени, а Димитар Пандев оствари дабл-дабл со 10 поени и 11 скока. Кај Куманово се истакна новиот играч Терел Ален кој реализира 20 поени и 8 скока.

фото: КК МЗТ Скопје

0Shares
0 0