Куманово се раздели со уште еден од странските кошаркари

0Shares
0 0

На ден пред натпреварот против МЗТ Скопје, Куманово спогодбено го раскина договорот со американскиот интернационалец Метју Кели.

Плејмејкерот одигра пет натпревари во дресот на поранешниот вицешампион и беше еден од најдобрите стрелци со ефект од 11,6 поени на кои додаде 3,6 асистенции и 3 скока. Најефикасен беше против Еуро Никел кога реализира 19 поени и Кожув со 18, но на последните два меча, против Феникс и Пелистер, вкупно постигна 14.

Од Куманово имаат намера да донесат замена за Кели од странство, но повеќе детали на таа тема ќе се знаат по утрешниот натпревар против МЗТ Скопје. Минатата недела клубот се раздели и со Душан Јузбашиќ со кого, исто така, спогодбено беше раскинат договорот.

фото: kumanovskimuabeti.mk

0Shares
0 0