Куманово со американски плејмејкер ќе брка подобри резултати

0Shares
0 0

Откако се oслободи од Џонатан Холмс и Ѓорѓе Каплановиќ, Куманово презeма чекори за засилување на екипата и подобрување на местотоположбата на прволигашката табела.

Прв обид во таа насока е американскиот плејмејкер Декуан Ејбром, 25-годишен кошаркар кој во Македонија доаѓа од бугарскиот прволигаш Берое каде играл одлично во досегашниот дел од сезоната. Тоа повеќе се однесува на БИБЛ лигата каде на пет натпревари просечно постигнувал по 11,8 поени, за разлика од домашното првенство каде тој ефект бил 4,8 поени.

Претходно во кариерата, Ејбром играл за германскиот второлигаш Ехинген, а колеџ-деновите ги поминал на Универзитетот Урбана.

0Shares
0 0