На 12 дена пред почетокот на квалификациите за пласман во групната фаза од ФИБА Европа купот, објавени се термините во кои ќе настапуваат македонските претставници Работнички и Феникс.
Работнички е домаќин на единствената група со четири екипи, па затоа со неа и ќе почнат квалификациите, на 2 октомври, додека натпреварите од другите групи стартуваат ден подоцна. Први на терен излегуваат Донар Гронинген и Сабах, а од 20:30 часот македонскиот тим се среќава со Рапид, на хартија најголемиот ривал за првото место во групата. Следниот ден Работнички игра против Сабах, а турнирот го затвора во дуелот со Донар Гронинген. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Кале.
Феникс почнува ден подоцна затоа што во неговата група која се игра на Кипар има три екипи. Финалистот во Купот на Македонија отвора против домаќинот Керавнос, следниот ден се среќава со Рошток од Германија со што ќе го заврши својот настап во оваа фаза.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ГРУПА А
02.10.2023
17:30 Донар – Сабах
20:30 Работнички – Рапид
03.10.2023
17:30 Рапид – Добар
20:30 Сабах – Работнички
05.10.2023
17:30 Рапид – Сабах
20:30 Донар – Работнички
ГРУПА Е
03.10.2023
18:00 Керавнос – Феникс
04.10.2023
18:00 Феникс – Рошток
05.10.2023
18:00 Рошток – Керавнос