Лажна тревога – Леброн нема корона

0Shares
0 0

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс ќе игра во градското дерби против Клиперс откако е утврдено дека не е позитивен на ковид-19.

Поради ковид протоколот, тој беше принуден да го пропушти дуелот со Сакраменто пред два дена, но последните тестови покажаа дека, сепак е негативен.

„Серијата тестови покажаа различни резултати, но последните беа негативни “, стои, меѓу другото, во соопштението од НБА.

Од ппочетокот на сезоната, Леброн пропушти 12 од вкупно 23 натпревари на Лејкерс, дел поради повреди, еден поради суспензија и последниот поради позитивен корона тест. Со него на теренот, екипата има 7/4, а без него 5/7.

0Shares
0 0