Леброн Џејмс стана ко-сопственик на Милан

0Shares
0 0

Фудбалскиот шампион на Италија, Милан е продаден на компанијата Ред Бирд за сума од 1,2 милијарди евра.

Славниот италијанскиот гигант со седум титули во Лигата на шампионите претходно беше во сопстгвеност на групацијата Елиот која претходно го откупи од кинески сопственици. Интересно е тоа што дел од конзорциумот е суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс кој на овој начин „влегува“ во уште еден европски фудбалски клуб.

Тој има акции и во премиерлигашот Ливерпул кого го следеше во живо во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Истиот конзорциум има удел и во бејзбол франшизите Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс и хокејарскиот тим Питсбург Пингвинс.

0Shares
0 0