Леброн го запали алармот во Голден Стејт: Подготвени 279 милиони долари за Кари!

0Shares
0 0

Неодамнешните шпекулации на американскиот новинар Брајан Виндхорст дека е можно Стеф Кари во 2022 година да се пресели во Лос Анџелес Лејкерс за да заигра со Леброн Џејмс, донесе немир во редовите на франшизата од Сан Франциско.

Токму Леброн беше иницијатор на ваквите информации откако во периодот околу Ол старот изјавуваше дека Кари е еден од најдобрите играчи во НБА и дека би сакал да заигра со него пред крајот на кариерата. Паниката во редовите на Вориорс е поради тоа што Кари лани одби тригодишен договор за безмалку 156 милиони долари, па сега се разгледуваат сите опции.

За претстојното лето се подготвува понуда од 215 милиони, а ако Кари повторно одбие, во 2022 година ќе се оди на речиси 279 милиони долари за пет години. Со тоа Кари би станал убедливо најплатен играч во историјата на НБА лигата со просечна годишна плата од околу 56 милиони долари. Тој и сега има највисока плата меѓу НБА кошаркарите, но таа е значително помала од онаа што би му била понудена.

И покрај ова, се чини дека Лејкерс се во предност, не само поради тоа што и тие можат да дадат богата понуда, туку и затоа што ќе бидат конкурентни во борбата за титулата во НБА лигата. Конечниот збор ќе го има Кари – дали ќе експериментира или ќе одлучи целата кариера да ја помине во еден тим.

0Shares
0 0