По две години со „шестката“, најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс повторно ќе го смени бројот со кој ќе настапува.
Во иднина, тој пак ќе игра со бројот 23 со кој и ја почна кариерата во Кливленд Кавалирс и играше првите две сезони во Лос Анџелес Лејкерс. НБА лани објави дека ќе го повлече бројот 6 од сите екипи во лигата, во чест на починатиот Бил Расел, но во исто време соопшти дека оние играчи кои во моментов ја носат „шестката“, можат да продолжат додека не ја завршат кариерата или самите не одлучат да ја сменат.
Леброн сакаше да покаже респект кон Расел и затоа ја донесе оваа одлука, па во иднина повторно ќе го гледаме со бројот 23.