Леброн прв удри, а доби помала суспензија од Стјуарт

0Shares
0 0

НБА лигата ги објави казните за Леброн Џејмс и Ајзеа Стјуарт кои предизвикаа инцидент на натпреварот меѓу Детроит и Лејкерс, пред два дена.

Проблемот го предизвика Леброн кој со лакт го удри во лицето противничкиот играч и му ја скина аркадата по што Стјуарт почна да го брка по теренот, барајќи физичка пресметка со него. Поради тоа и доби поголема казна која изнесува два натпревара, за разлика од Леброн кој ќе паузира само на еден меч.

Ако се земе предвид паричната сума што ќе ја загубат кошаркарите, излегува дека Леброн е поголем губитник. За едниот пропуштен меч, ќе му бидат скратени нешто повеќе од 288 илјади долари, а на Стјуарт помалку од 46 илјади.

Интересно е тоа што ова е прв суспензија за Леброн Џејмс во неговата професионална кариера во која ја игра 19. сезона.

0Shares
0 0