Легендата на грчката кошарка стави крај на професионалната кариера

0Shares
0 0

Како капитен на Олимпијакос и со шампионскиот пехар в раце, Јоргос Принтезис синоќа официјално ја заврши играчката кариера.

Точка на своето дведецениско патување стави во една од најуспешните сезони на својот клуб во кои тимот од Пиреја ја освои двојната круна во домашната кошарка, првпат по 35 години.

„Ви благодарам од срце, благодарам за прекрасните 20 години кои ги поминавме заедно. Ви благодарам што бевте со нас и во најтешките моменти, како и во оние најмагичните. Од идната сезона ќе бидам со вас на трибината од каде ќе го следам и бодрам тимот“, им порача Принтезис на навивачите на Олимпијакос по синоќешната победа против Панатинаикос.

Дури 19 години, во два „мандата“ од својата кариера тој помина во дресот на Олимпијакос, а единствената авантура ја имаше во Уникаха. Освои четири шампионски титули во грчкото првенство, две во Евролигата и бронза од Европското првенство во Полска со грчката репрезентација. Ќе остане запишан во историјата на Олимпијакос по кошот за титула во Евролигата во 2012 година, против ЦСКА.

0Shares
0 0