Американецот со македонски пасош Лестер Бо Мекејлеб доби најголема почест од Универзитетот Њу Орлеанс откако синоќа беше примен во Куќата на славните.
Член на екипата на овој универзитетот, нашиот поранешен репрезентативец беше во периодот од 2003 до 2008 година и се уште е најдобар стрелец во неговата историја со 2.608 поени, но и еден од само 39. кошаркари во постоењето на НЦАА со над 2.600 поени. Речиси секоја сезона за време на настапот во НЦАА добиваше по некое индивидуално признание со што го заслужи влезот во Куќата на славните на Универзитетот Њу Орлеанс како еден од само 25. спортисти досега.

Лестер Бо Мекејлеб е еден од милениците на македонските љубители на кошарката бидејќи три години беше стандарден репрезентативец и го водеше националниот тим до најголемиот успех – четвртото место на Европското првенство во Литванија.