Лилард мора на операција, можно е да не се врати до крајот на сезоната

0Shares
0 0

Првата ѕвезда на Портланд, Дејмијан Лилард ќе мора на операција поради повреда на абдоменот, објавија американските медиуми.

Првичните прогнози се дека ќе паузира околу два месеца, но можно е да не врати во тимот до крајот на сезоната. Точната проценка ќе биде направена во текот на рехабилитацијата, односно од тоа како ќе реагира телото на Лилард во овој процес.

Последниот натпревар, тој го одигра на 1 јануари, против Лејкерс, кога Портланд загуби со 106-139. Неговата форма сезонава не беше како претходните за што зборуваат и бројките: 24 поени, 4,1 скока и 7,3 асистенции по натпревар.

0Shares
0 0