ЛИНК за следење во живо на натпреварот Вардар-Пелхримов

0Shares
0 0

Нешто повеќе од шест часа откако го победија Дан Дачијан од Романија, кадетите на Вардар ќе го почнат вториот натпревар на турнирот во Шопрон, во рамките на Европската младинска лига (EYBL).

Противник е чешкиот Пелхримов кој своите настапи на овој турнир ги почна вчера. Во дуелот со домаќинот загуби со 47-54 и тоа дава надеж дека и Вардар може да дојде до вториот триумф. Утринава, „црвено-црните“ славеа убедливо, со 109-77.

Натпреварот меѓу Вардар и Пелхримов се игра од 17 часот, а можете да го проследите во живо на линкот во прилог.

0Shares
0 0