Лудница во Задар – бизарен пораз на домаќинот!

0Shares
0 0

Екипата на Будуќност дојде до една од најдраматичните победи во поновата историја, совладувајќи го Задар како гостин со 104-103.

Конечниот исход е огромно изненадување ако се има предвид текот на настаните и резултатот во финишот. На помалку од две минути пред крајот, Задар водеше со 102-92 кога тренерот на гостите Владо Јовановиќ во очај повика тајм-аут. Веројатно опиени од одличната игра дотогаш, кошаркарите на Задар престанаа да играат одбрана, му дозволија на Бел Хејнс два пати по ред да реализира за 96-102 по што на спротивната страна Јордано погоди едно слободно фрлање за +7 на влезот на последната минута.

Поповиќ повторно премногу лесно реализира за Будуќност, но потоа несфатливи беа одлуките во нападот на Задар. Место да играат на цел напад или да изнудат лични грешки, домаќините почнаа да форсираат, Божиќ и Дрежњак не успеаја да погодат, па Бел Хејнс реализира тројка за само два поена негатива. Останаа 15 секунди до крајот, играчите на Задар ја загубија топката, таа дојде до Рејнолдс кој погоди уште една тројка и Будуќност несакајќи се најде во водство. Жганец ја имаше последната шанса за победа, но неговиот шут од дистанца беше непрецизен и црногорскиот шампион дојде до триумф.

На Задар не му помогна уште едно одлично издание на Лука Божиќ кој постигна 34 поени, плус 7 скока и 6 асистенции. На спротивната страна, Будуќност го имаше Бел Хејнс кој застана на 28 поени.

0Shares
0 0