Црвена Звезда е решена во новата сезона не само да го врати приматот во АБА, туку и да се бори за највисок пласман во Евролигата.
По потписите со Давидовац, Симоновиќ, Теодосиќ и Ханга, денеска белградскиот клуб договори дури четворица нови кошаркари иако само двајца од нив се официјално објавени. По Мајк Тоби, Звезда пријави дека нов играч на тимот е и поранешниот руски репрезентативец Џоел Боломбој, но тука не завршува списокот на засилувања.
Наводно, договорен е и Шабаз Нејпир кој последната сезона ја доигра во Олимпија Милано, како и литванскиот интернационалец Рокад Гиедраитис кој ја заврши соработката со Басконија, а многу добро го познава Душко Ивановиќ затоа што тој му беше тренер во шпанскиот прволигаш.
Со осумте нови кошаркари, кој од кој поискусен и поквалитетен, Црвена Звезда направи ростер способен да се бори за највисок пласман во сите натпреварувања во кои ќе учествува.