Една од најталентираните генерации во македонската женска кошарка, претстојната сезона ќе има можност да се натпреварува во меѓународни рамки.
Станува збор за тимот на Вардар, составени од кошаркарки родени 2007 година и помлади, кој неодамна суверено ја освои титулата во кадетска конкуренција во земјава. Женскиот кошаркарски клуб Вардар го пријави учеството на својата екипа во младинската (М17) ВАБА лига, регионално натпреварување во кое најчесто учествуваат екипи од просторите на поранешна Југославија, плус Унгарија.
Вардар со свој јуниорска тим веќе учествуваше во ВАБА лигата и тоа во сезоната 2019/20 која беше прекината поради пандемијата со корона вирусот.