Долгогодишниот македонски репрезентативец Андреј Магдевски се враќа во домашното првенство по пауза од речиси една година.
Искусниот плејмејкер утринава потпиша договор со Пелистер и ќе биде уште едно во низата големи засилувања за битолчани оваа сезона. Негов последен клуб беше холандскиот Донар Гронинген со кого стигна до финалето на тамошното првенство и несреќно загуби во клучниот натпревар.
Пред да замине во Холандија, Магдевски играше за МЗТ Скопје од каде си отиде минатата зима. Пелистер ќе биде негов четврти клуб во земјава бидејќи претходно играше и за Еуро Никел и Гостивар. Своето деби за новиот тим. 27-годишниот кошаркар ќе го забележи в среда на домашен терен, против МЗТ Скопје со кој освои две шампионски титули во домашното првенство, во 2019 и 2021 година.
Покрај Магдевски, Пелистер го промовира и босанскиот интернационалец Стефан Мијовиќ кој во Битола доаѓа од унгарскиот Хонвед. Неговиот трансфер бил договорен минатата недела, за време на АБА 2 турнирот во Суботица.