Магдевски е нов интернационалец во репрезентацијата

0Shares
0 0

Довчерашниот играч на МЗТ Скопје, Андреј Магдевски во новата сезона ќе настапува во романското првенство, во дресот на ЧСМ Плоешти.

„Детето на Реал Мадрид“ со ова се враќа на меѓународна сцена по пауза од пет години откако во 2016, како член на Партизан, беше позајмен во ОКК Београд. Во Романија тој заминува по една фантастична сезона во редовите на МЗТ Скопје со кого не само што ја освои двојната круна во македонската кошарка, туку и беше прогласен за МВП на финалната серија, против Еуро Никел.

Во петте години во Македонија, Магдевски играше за Фени Индустри (сегашен Еуро Никел), потоа Гостивар и последните 2,5 години во МЗТ Скопје.

0Shares
0 0