Магија во Финска: Партизан Водно Санс е шампион!

0Shares
0 0

Македонскиот претставник Партизан Водно Санс е освојувач на титулата во Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) за 2022 година во конкуренција на кошаркари до 15-годишна возраст.

Во денешното финале, кадетите на скопскиот тим го победија Дан Дачијан од Романија со 82-74, благодарение на големиот пресврт во второто полувреме. До средината на третата четвртина противникот го диктираше темпото и водеше со 58-50, а потоа почна ураганот.

Со серија од 9-2, Партизан Водно Санс се доближи на само еден поен негатива по три квартали, а потоа со уште две серии, една од 8-0 и една од 9-0 поведе со 77-68 на нешто повеќе од две минути пред крајот на натпреварот. На 30-тина секунди до последниот звук на сирената Дан Дачијан се доближи на 74-77, но Лазов со пет поени по ред стави точка на мечот за голем триумф на Партизан Водно Санс.

Никола Јаничиќ повторно беше најефикасен,постигна 28 поени на кои додаде 13 скока, но најдобар играч денеска беше Лука Маријановиќ. Го имаше секаде, ги одигра сите 40 минути и постигна 17 поени, 9 асистенции, 7 скока и 6 украдени топки. Се истакна и Даниел Бутемер кој за 31 минута постигна 19 поени.

Шампионскиот тим на овој турнир и цела сезона го сочинуваа: Никола Јаничиќ, Даниел Бутемер, Марион Лазов, Лука Марјановиќ, Дамјан Ивановски, Давид Дејвис, Давид Китановски, Марко Крајчески, Филип Сребров, Борјан Китановски и Андреј Милошевски.

0Shares
0 0