Македонија и во 2023 година ќе биде домаќин на две европски младински првенства

0Shares
0 0

Веќе стана традиција, Кошаркарската федерација на Македонија да добива организација на барем два континентални шампионата во младинските категории, па ни 2023 година нема да биде исклучок.

Нашата земја ќе биде домаќин на две првенства во младинска конкуренција што ќе се одржат претстојното лето. Од 7 до 16 јули во Скопје ќе се одржи Европското М20 првенство Б-дивизија во машка конкуренција што ќе биде добра шанса за талентираната генерација 2003 да избори пласман во елитната конкуренција.

Од 5 до 13 август, исто така во Скопје, на програмата е Европското кадетско првенство А-дивизија, нова можност за нашите кошаркари, сега од генерацијата 2007 и помлади, да обезбеди опстанок во оваа категорија.

Македонската машка јуниорска репрезентација ќе патува во португалскиот град Матосињос каде од 21 до 30 јули ќе се игра Европското првенство Б-дивизија. Во женска конкуренција, денеска беше одреден само домаќинот на младинското првенство Б-дивизија. Ќе се одржи во романскиот град Крајова, а домаќините на кадетките и јуниорките дополнително ќе бидат одредени.

0Shares
0 0