Македонија меѓу најголемите аутсајдери во квалификациите, според ФИБА

0Shares
0 0

На ден пред официјалниот почеток на квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2023 година, ФИБА на својата интернет страница го објави рангирањето на репрезентациите кои ќе учествуваат во оваа фаза.

Македонската репрезентација е меѓу најголемите аутсајдер што можеби е и нормално ако се знае дека влезе преку претквалификациите. Дополнителен проблем ќе биде неиграњето на Ненад Димтријевиќ во првиот „прозорец“ иако во анализата на ФИБА се зема предвид целиот циклус, а не само првите два натпревара што се играат месецов.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by FIBA Basketball World Cup (@fibawc)

На нашите кошаркари им останува да ги демантираат овие прогнози и да ја продолжат борбата за пласман на Мундобаскетот која ќе биде исклучително тешка.

Заедно со Македонија, меѓу аутсајдерите се уште Белорусија, Бугарија, Исланд, Португалија и Словачка. Во групата на најголеми фаворити за пласман на Европското првенство се противникот во нашата група Шпанија, потоа Франција, Грција, Италија, Литванија, Словенија и Србија.

0Shares
0 0