Македонија во август ќе игра претквалификации за Светското првенство

0Shares
0 0

Со неуспехот да се пласира на континенталниот шампионат, македонската кошаркарска репрезентација ќе се потсети на 2017 година.

Тогаш, првпат во својата историја играше претквалификации за Светско првенство и го заврши својот пат уште во првата фаза, во групата во која се наоѓаа уште Естонија и Косово. Сличен пат ќе има и сега, почнувајќи од август оваа година.

Од вчера се познати сите 12 селекции кои ќе учествуваат во претквалификациите за Светското првенство во 2023 година. Четири од нив се пласираа преку првиот циклус пртквалификации, а останатите осум, меѓу и Македонија, се оние кои не успеаја во квалификациите за Европското првенство.

Овие 12. селекции ќе се натпреваруваат во четири групи од по три екипи за вкупно осум места на пласман на европските квалификации за Светскиот куп. Место во регуларниот дел од квалификациите ќе изборат најдобрите две нации од секоја група. Датумот и распоредот на натпреварите, и ждрепката на групите ќе бидат потврдени во подоцнежна фаза.

Директен пласман во квалификациите за Мундобаскетот обезбедија 24. селекции, учесници на Европското првенство. Од вкупната бројка на учесници во квалификациите за Светскиот Куп-32, место во завршниот дел ќе обезбедат 12. европски репрезентации.

Светскиот шампионат за прв пат од постоењето, ќе се игра во повеќе различни држави во светот, односно во Индонезија, Филипини и Јапонија.

0Shares
0 0