Баскет Кам ќе биде организатор на завршниот турнир од јуниорското првенство (М18) во женска конкуренција што ќе се одржи претстојниот викенд (20/21 ма).
Екипата од Македонска Каменица ја победи Крива Паланка во лицитацијата што се одржа денеска и ќе ги пречека токму Крива Паланка, Тим Арена од Штип и Бадел од Скопје. Во првото полувреме ќе се сретнат Тим Арена и Крива Паланка, а во второто домаќинот и Бадел.
Предвидени се и парични награди за учесниците и тоа 30.000 денари за новиот шампион, 25.000 денари за вицепрвакот, 15.000 денари за освојувачот на бронзата и 10.000 за последнопласираниот.
М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
20 МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
15.00: Тим Арена – Крива Паланка (1)
17.30: Баскет Кaм 2011 – Бaдел 1862 (2)
21.МАЈ (НЕДЕЛА)
12.00: За трето место (поразен 1 – поразен 2
14.30: Финале (победник 1 – победник 2)