Македонска репрезентативка настапи на женскиот НБА Ол стар

0Shares
0 0

Ноќеска во Лас Вегас се одржат 17. издание на ВНБА Ол старот на кој по четврти пат во својата кариера играше и македонската репрезентативка Девана Бонер.

За разлика од претходните години, поради претстојниот настап на Олимписките игри, едната екипа ја сочинуваше женската американска репрезентација која ќе игра во Токио, а другата беше селекција од ВНБА лигата. Победи селектираниот тим во кој беше и Бонер со 93-85.

За 26 минути на теренот, македонската репрезентативка постигна шест поени, четири скока и една асистенција. Најефикасен беше Арике Огунбовале, но блесна босанската репрезентативка Џонкел Џонс која за помалку од 30 минути реализира 18 поени, 14 скока и четири асистенции.

0Shares
0 0