Во екот на сезоната во 3х3, македонската репрезентација денеска отпатува за Братислава каде во текот на викендот ја очекуваат квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Израел.
Селекцијата во состав: Милорад Миновски, Марко Дујковиќ, Ервин Цого и Христијан Ристов, а предводена од селекторот Иван Ристовски ќе се натпреварува во групата Б каде ривали ѝ се Унгарија и Австрија. Пласман во следната фаза обезбедуваат првопласираните две репрезентации од групата.
Двата меча се на програмата утре, од 11:25 часот против Австрија, а од 13:05 против Унгарија. Во зависност од резултатите од овие дуели, ќе се знае натамошниот ангажман на македонската репрезентација.