Со една победа и еден пораз, македонската 3х3 репрезентација обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во квалификациите за Европското првенство што во септември ќе се одржи во Израел.
Циклусот го почнавме со пораз од 17-22 од Австрија во меч во кој нашата селекција поведе со 5-2, но противникот брзо направи пресврт и предноста ја задржа до крајот. Во мечот од второто коло, Македонија ја победи Унгарија со 21-12, а по триумфот на Австрија против Унгарија стана јасно дека нашиот тим ќе продолжи во четвртфиналето.
Противникот во следната фаза ќе биде познат вечерва, по дуелот меѓу Чешка и Грција кој се игра од 20 часот. Натпреварите од четвртфиналето се на програмата утре.