Поранешниот младински и повремен сениорски репрезентативец на Македонија, Максим Митевски го продолжи договорот со Гостивар на уште една сезона.
Во овој клуб, тој дојде минатото лето од МЗТ Скопје УБ и беше еден од најстандардните во тимот кој го освои четвртото место во основниот дел од сезоната. Одигра 24 натпревари со просек од 8,1 поен, 3,1 скок и 2,2 асистенции со индекс 9,9, а на теренот поминуваше по 23 минути.
Митевски е втор играч од „старата гарда“ кој го продолжи договорот со Гостивар по капитенот Војче Лефкоски. Во меѓувреме, нови играчи на Гостивар станаа Американците, Крис Остен и Ерик Пауел, како и Габриел Коскоски кој дојде од Навико Академија ФМП.