Македонската репрезентативка Матеа Николиќ претстојната сезона ќе игра во најсилната италијанска кошаркарска лига.
Нашата крилна кошаркарка ја напушти Стела Аѕура и потпиша договор со екипата на Рагуза, шестопласирана последната сезона во А1 лигата на Италија, а која беше елиминирана во четвртфиналето од плејофот. За тимот од Сицилија, 21-годишната Македонка е трето засилување, по Томас и Јакубцова кои потпишаа договори претходните денови.
За Стела Аѕура, минатата сезона во А2 лигата, Николиќ одигра 25 натпревари и оствари просек од 11,7 поени, 6 скока и 1,4 асистенции.