Екипата на Задар направи брејк и на вториот натпревар и поведе со 2-0 во финалната серија од хрватскиот плејоф.
На второто гостување кај Сплит, Задар славеше со 94-84 по продолжение, со спектакуларен пресврт во финишот од основниот дел и благодарение на фантастичниот Лука Божиќ. На 2:30 минути пред крајот на мечот, Сплит водеше со 75-68, но до истекот на основниот дел не успеа да постигне ниеден поен, а Задар со серија од 7-0 стигна до израмнување и се избори за продолжение.
Низата беше продолжена и во дополнителните пет минути во кои Задар постигна уште поени поени што значи дека за околу четири минути направи вкупно 15-0. Сплит беше нокаутиран, првиот поен го постигна на две минути пред крајот, а потоа повеќе немаше враќање.
Божиќ го заврши натпреварот со 30 поени, 15 скока и 7 асистенции иако дури 12 поени постигна од линијата за слободни фрлања. Македонскиот репрезентативец Адем мекиќ на теренот помина нешто повеќе од 20 минути и за тој период постигна 9 поени, 4 скока и 1 асистенција. Третиот натпревар се игра на теренот на Задар в недела и тоа ќе биде прва шанса за титулата на оваа екипа.
фото: Ivo Cagalj/PIXSELL