МЕКИЌ: Нема непобедливи репрезентации

0Shares
0 0

Најдобриот македонски репрезентативец од претквалификациите во август е умерен оптимсти пред почетокот на квалификацискиот циклус кој за нас почнува в петок.

Јасно е дека Шпанија е прв фаворит во групата, но исто така е јасно дека Македонија нема што да загуби против актуелниот светски шампион. Натпреварот во Скопје е добра можност да се одигра добар натпревар и да се крене самодовербата пред многу поважните дуели. Адем Мекиќ е оптимист во секој поглед.

„Пред сè, ќе ја бараме шансата во домашните натпревари, затоа што мислам дека ниту една репрезентација не е непобедлива. Сите знаеме која е Шпанија, светски првак и европски шампион во повеќе наврати. Но претпоставувам дека и таа Шпанија ќе дојде со втор состав. Тие ќе имаат сигурно желба да се докажат, но сите знаеме дека Македонија кога игра дома, пред свои навивачи е тежок противник.

Верувам во овој состав, можеме да изненадиме, како што кажав претходно, шансата ја гледаме во домашните натпревари. Но, ќе одиме да се надигруваме со секоја репрезентација и на гости“, вели кошаркарот на МЗТ Скопје.

Дуелот меѓу Македонија и Шпанија се игра в петок од 19:30 часот во Скопје. Три дена подоцна нашата репрезентација гостува во Украина.

0Shares
0 0