Мекиќ принуден да го одбие повикот на Јончевски: Многу ми е жал, ама невозможно е да играм

0Shares
0 0

Македонската репрезентација в понеделник ги почнува подготовките за стартот на претквалификациите за Европското првенство во 2025 година, а уште пред почетокот, селекторот Александар Јончевски се соочи со проблеми.

Еден од најдобрите македонски кошаркари и стандарден репрезентативец последните години Адем Мекиќ ќе ја пропушти претстојната акција поради повреда доживеана уште од квалификациите за Светското првенство. Играчот на МЗТ Скопје мора да паузира уште извесен период што значи дека ќе го пропушти и стартот на подготовките на својот тим за новата сезона.

„На дуелот против Украина добив силен удар во коленото и цело лето ми помина во рехабилитација. Не успеав да ја санирам повредата, напротив, таа и се влоши во меѓувреме и затоа не можам да тренирам уште извесен период.

Многу ми е жал што морам да ги пропуштам дуелите со Данска и Словачка. Секогаш со задоволство играм за репрезентацијата и тешко ми паѓа кога морам да отсуствувам од здравствени причини“, изјави Мекиќ за КОШ.МК.

Дуелите против Данска и Словачка се на програмата на 25 и 28 август, а МЗТ почнува со подготовки на 10 август.

0Shares
0 0