Месина се закани: Ако вака продолжат, си одам!

0Shares
0 0

Италијанскиот шампион Олимпија Милано синоќа доживеа тежок пораз на домашен терен во деветтото коло од Евролигата откако загуби од Анадолу Ефес со 51-80.

Дебаклот тешко му падна на трофејниот тренер Еторе Месина кој по натпреварот дури се закани дека ќе си замине од клубот ако нешто не се смени.

„Ова беше наше срамно издание пред домашните навивачи и сопственикот. Овој пораз не врати назад 3,5 години кога бевме 13. во Евролигата. Оттогаш забележавме неколку одлични резултати и екипата секогаш играше со карактер. Јас сум водач на овој тим и ако играчите продолжат вака да играат, ќе ја преземам одговорноста поради тоа што не успеав да направам состав кој ќе функционира. Од раководството ќе побарам да најде друг човек што ќе го води проектот“, изјави Месина.

Олимпија Милано одлично ја почна сезоната во Евролигата, во првите четири кола оствари три победи, но оттогаш е во серија од пет порази како последица на што падна на 15. позиција на табелата со можност уште повеќе да оди надолу ако Баерн и Панатинаикос победат денеска.

0Shares
0 0