Милош Теодосиќ доби наследник, буквално!

0Shares
0 0

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација и неговата сопруга Јелисавета Орашанин денеска по вторпат станаа родители.

Познатата актерка роди син кој, како што објавија српските медиуми, ќе го носи името Богдан. Тоа е, всушност, превод на презимето Теодосиќ што на грчки јазик значи дар од бога.

Јелисавета и Милош веќе ја имаат ќерката Петра, која е родена во САД, додека Теодосиќ играше за Лос Анџелес Клиперс. Богдан би требало да биде наследник на својот татко на кошаркарските терени.

0Shares
0 0