Милвоки потона во Бостон, НБА ќе добие нов шампион

0Shares
0 0

Бранителот на титулата Милвоки Бакс доживеа пораз со 81-109 во „мајсторката“ од полуфиналето на Источната конференција и нема да ја брани титулата освоена лани.

Бостон одигра фантастичен натпревар, особено тоа се однесува на второто полувреме во кое буквално го растури противникот и по две сезони се враќа во конференциското финале. Противник, како и во 2020 година ќе му биде Мајами Хит од кого во „балонот“ во Орландо загуби со 2-4.

Прво име вечерва беше Грент Вилијамс кој постигна 27 поени, а Џејсон ТЕјтум додаде 23. Јанис Адетокумбо одигра уште еден маестрален меч, постигна 25 поени, 20 скока и 9 асистенции, но не можеше сам против далеку подобриот ривал.

Финалната серија во Источната конференција почнува в среда наутро, во 2:30 часот по средноевропско време, а предноста на домашниот терен ќе ја има Мајами.

0Shares
0 0