Веста дека Никола Јокиќ најверојатно нема да игра на претстојното Светско првенство предизвика гнев и револт кај љубителите на кошарката во Србија.

Интересно е тоа што во тимот по се изгледа ќе ги нема ни Василије Мициќ, Огњен Јарамаз, Никола Калиниќ и други, но сите денеска му се лути на кошаркарот на Денвер. На социјалните мрежи, а и во коментарите на српските портали осамнаа низа навредливи коментари кон Јокиќ кого минатиот месец го славеше цела Србија откако ја освои титулата во НБА лигата и беше прогласен за МВП на финалната серија.

Никола Јокиќ играше за српската репрезентација на Олимписките игри во 2016 година кога „орлите“ го освоија сребрениот медал, играше и во 2019 година на Светското првенство и лани на континенталниот шампионат.

Во меѓувреме, одби да игра на Европското првенство во 2017 и во олимписките квалификации во 2021 година кога, исто така, доби жестоки критики од српската спортска јавност. Почнувајќи од 2018 година, Јокиќ одиграл вкупно 436 натпревари само на клупско ниво со што е рекордер во светската кошарка.
