Откако вчера договори раскин на соработката со Барселона, црногорскиот кошаркар со шпански пасош денеска потпишал со Партизан, тврдат српските медиуми.
Тој беше интересен и за Црвена Звезда, но откако овој клуб донесе осум кошаркари на сите позиции стана јасно дека најверојатно нема да има ништо од договор со Миротиќ. Според српските портали, поранешниот НБА играч потпишал на 1+1 сезона и ќе биде големо засилување за составот на Жељко Обрадовиќ.
Пред Миротиќ, Партизан ги донесе Огњен Јарамаз и Матеуш Понитка, но и успеа да сочува голем дел од составот кој минатата сезона ја освои титулата во АБА лигата.