Додека уште ги решава проблемите со Барселона, Никола Миротиќ ги разгледува и понудите кои стигнуваат на негова адреса.
Грчки медиуми тврдат дека тој, наводно, дефинитивно ги одбил понудите од Олимпијакос и Панатинаикос иако од двата клуба беа сигурни дека ќе дојде кај нив. Сега и едните и другите подготвуваат нови, побогати понуди со кои се надеваат дека ќе го убедат, сепак, кариерата да ја продолжи во Грција.
Во меѓувреме, како опции за Миротиќ стојат Црвена Звезда, Монако и Олимпија Милано. Во Шпанија се се посигурни дека многу брзо ќе биде постигнат договор за раскин на договорот меѓу поранешниот шпански репрезентативец и Барселона.