Миротиќ го пропушта почетокот на новата сезона

0Shares
0 0

Првата ѕвезда на Барселона, Никола Миротиќ ќе го пропушти стартот на новата сезона поради повреда на Ахиловата тетива, соопшти денеска каталонскиот клуб.

Тој нема да игра во Суперкупот на Шпанија што ќе се одржи претстојниот викенд, а ќе биде надвор од комбинација и за првите неколку натпревари од шпанското првенство и Евролигата кои стартуваат на почетокот од октомври.

„Ја информираме јавноста дека Миротиќ продолжува со третманита поради повредите на Ахиловата тетива. Играчот ќе ги пропушти натпреварите од почетокот на сезоната, а кога ќе се врати, дополнително ќе ја известиме јавноста“, се вели во соопштението од Барселона.

Сепак, ова е подобра варијанта од првичната поврзана со ситуацијата со Миротиќ. Пред крајот на јули, шпанските медиуми објавија дека Црногорецот со шпански пасош го очекува пауза до февруари што би значело дека ќе пропушти половина од сезоната, а Барса следниот ден демантираше и објави дека тој најверојатно нема да пропушти ниеден натпревар. Вака е некаде на половина, ако нема дополнителни промени на полошо, пауза на Миротиќ би изнесувала околу три месеци од кои само еден во текот на сезоната.

0Shares
0 0