Црногорецот со шпански пасош Никола Миротиќ ќе ја продолжи кариерата во Италија, односно во тимот на Олимпија Милан, тврди италијанскиот новинар Емилијано Каркија.
Такво нешто се шпекулираше претходните денови, но денеска е постигнат договорот за трансфер на искусниот крилен играч кој последните сезони е најплатен кошаркар во европската кошарка. Тој има договор на уште две години со Барселона, „каталонците“ му понудија да остане во екипата со редуцирана плата, но, очекувано, тоа не му одговараше на Миротиќ и тој одлучи да си замине.
Се очекува да биде големо засилување за Олимпија Милано, екипа која во секоја сезона влегува со високи амбиции, но никако не успева да стигне до завршницата од Евролигата. Во оваа натпреварувачка кампања, Миротиќ просечно постигнуваше по 15,4 поени, 4,3 скока и 1,2 асистенции по натпревар.