По епизодата во бугарскиот тим Монтана, најдобрата македонска кошаркарка Анџелика Митрашиновиќ во новата сезона ќе настапува во првенството на Словачка.
Од денеска, таа е нов член на актуелниот шампион на оваа држава Пиештанске Чајки, клуб со кого потпиша договор на една година. Словачкото првенство ќе биде нов предизвик за неа откако претходно играше во БиХ, Црна Гора, Франција и Бугарија.

Пиештанске Чајки е клуб формиран во 2012 година, а шампион на Словачка е последните две сезони откако претходно, шест години по ред губеше во финалето, три пати од Кошице и три пати од Ружомберок.